Продолжуваат руските напади врз критичната инфраструктура во Украина. Речиси целиот главен град Киев е без струја и вода.
Градоначалникот на градот Виталиј Кличко известува дека 40 отсто од жителите немаат никаков пристап до вода за пиење. Долги редици формираа оние кои чекаа да добијат вода за нивните потреби.
Без струја се речиси 300.000 домаќинства. Русија продолжува да тврди дека напаѓа само воена инфраструктура.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека досегашните напади се далеку од се што можела руската војска. Според Киев, Москва не е во војна со војската, туку со цивилните Украинци.
Наспроти ова, експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија започнаа проверка на двата објекти, во кои руската страна тврди дека Украинците ја развиваат таканаречената „валкана бомба“.