Балкан

Регистриран земјотрес на границата меѓу Грција и Албанија

Регистриран земјотрес на границата меѓу Грција и Албанија

Сеизмолошките служби попладнево регистрираа земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во пограничниот регион меѓу Грција и Албанија.

Според достапните информации, потресот се случил во 17:07 часот, а епицентарот бил лоциран на околу 30 километри североисточно од Игуменица, на длабочина од пет километри.

Во моментов нема информации за причинета материјална штета, ниту за повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата, а засега не се пријавени последици од земјотресот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни