Македонија

РЕГУЛАТОРНА ПОТВРДИ: Од полноќ бензинот 104 денари, 95 денари дизелот

РЕГУЛАТОРНА ПОТВРДИ: Од полноќ бензинот 104 денари, 95 денари дизелот

Цената на 95 ката се зголемува за 9 денари и  литар ќе чини 104 денари. За толку поскапува  и дизелот и ќе се точи по цена од 95 денари за литар. Цената на 98-цата ќе се зголеми за  9,5 денари и литар ќе изнесува 106, 5 денари.

Оваа корекција регуалторната комисија ја направи откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема  да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од  светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.

 

Најавите за ваквото зголемување  ги наполни бензиските.  Во редици граѓаните чекаа да наточат гориво пред утрешниот скок на цената.

  • Тоа е тоа не зависи  од нас тоа, колку е толку е ако сакаме да возиме мора.
  • Нормално тоа е светска цена на берза
  • За наши стандарди е превисоко,
  • Дојдов поради поскапувањето , цените се и онака високо најавија за околу 10 денари тоа е удар…
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни