Иако се уште има многу не јасноти, недостигаат детали и докази за тоа кој и како уценувал во случајот Рекет, со почетокот на август обвинителите оставија се и си отидоа на одмор. Заедно со нив на одмор одат и сите предмети, меѓу кои и предметот „Рекет“ кој е во рацете на обвинителката Вилма Рускоска.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски обвинува дека Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не се труди да открива повеќе детали за „Рекет“ и дека со годишниот одмор го одлговлекуваат процесот. Од друга страна портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, вели дека постои страв од проширување на истрагата.
Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека според правилата август е месец за колективен одмор на обвинителите и судиите.
Освен Рускоска и нејзиниот тим, дознаваме дека до средина на август на одмор ќе биде и Катица Јанева, шефица на СЈО, чие име се спомнува во случајот „Рекет“.
Ова подразбира дека до по 15 август, нема да има новости во истрагата за овој предмет. Последните преземени чекори од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е сослушување на сведоци, но меѓу сведоците не беше и главната специјална обвинителка, Катица Јанева.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ