Киното Манаки кое е проект од претходната Власт и реконструкцијата на Офицерски дом беа споменати синоќа како капитални проекти реализирани од актуелната локална власт во Битола.
„Општина Битола, како единствена општина во државата во време на пандемија издвои 100.000 евра за здравствените институции. Пари има за сите инфраструктурни проекти, бидејќи тие не завршуваат на приватни сметки, а Битола е на врвот меѓу најтранспарентните институции во државата и така ќе продолжиме“, истакна Петровска.
Таа нагласи дека општината пред четири години ја наследила со долг од 12 милиони евра од кои, 4,3 милиони за образовните институции.
После 4 години им гледам на Битолчани во очи, бидејќи работевме чесно, домаќински и одговорно, и имаме со што да се пофалиме и со што да се гордееме, истакна градоначалничката на Битола Наташа Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.