Првите резултати од унгарските избори се очекуваат вечерва во 20 часот, кога Националната изборна канцеларија ќе почне да ги објавува на својата официјална веб-страница, со ажурирања на секои десет минути.
Податоците ќе пристигнуваат по одреден редослед, при што прво ќе се обработуваат гласовите за поединечните кандидати, потоа за националните партиски листи и конечно за листите на националните малцинства.
Овие избори ќе бидат запаметени по рекордната излезност. Податоците за вкупната излезност сè уште се чекаат, а таа би можела да биде околу 80 проценти.
