Свет

Рекордна заплена на опиум во Канада

Рекордна заплена на опиум во Канада

Канадската гранична полиција синоќа соопшти дека запленила речиси 2,5 тони опиум скриен во контејнери кои минувале низ пристаништето Ванкувер, додавајќи дека тоа е најголемата заплена на тој вид дрога.

„Тоа е најголемата заплена на опиум досега во државата“, соопшти полицијата, додавајќи дека во 247 пластични транспортни палети распоредени во неколку контејнери се запленети точно 2.486 килограми опиум.

Заплената е резултат на истрагата што ја започна канадската полиција во септември.

Ванкувер е најголемото пристаниште во Канада и главната точка за пристигнување на стоки од Азија.

Канадските власти не го прецизираа потеклото на опиумот и не соопштија дали во операцијата има и приведени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни