Познатиот српски артист Реља Поповиќ во саботата стана татко по втор пат на прекрасна ќеркичка.
Иако се чини дека сакал да остане на прослава со своите пријатели, сепак како вистински професионалец вечерта се појави на настап каде се пофали со убавата вест.

„Како ова. Денес е посебен ден за мене. Мојата љубов Николија вечерва ми подари уште една ќерка. Поздравете ја Николија со голема врева! Ова е еден од најубавите денови во мојот живот и мило ми е што го споделуваме заедно. Сите за Николија! Пуштете се! Те сакам Љубов моја!“ додаде еуфорично пејачот, а потоа испеа една од песните на Јовановиќ едногласно со публиката.

