Македонија

Ременски: Не чувствувам вина, да се прави разлика меѓу „Рекет“ и Меѓународниот сојуз

Фросина Ременски денеска беше во Обвинителството за организиран криминал и висока корупција да даде изјава откако вчера беше објавено дека истрагата за „Рекет“ е проширена и на Меѓународниот Сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Ременски денеска рече дека не чувствува вина, и побара да се прави разлика меѓу случај „Рекет“ каде што денеска се чека обвиниение, и истрага за Меѓународен сојуз.

„Сакам да направите разлика случај Рекет и проширување на истрага во однос на Меѓународниот Сојуз. Побарани се мерки, и очекуваме одлука од Судот.

Јас и кога давав исказ како лице кое треба да даде определени инфирмации во Обвинителството за организиран криминал и корупција, кажав дека не чувствувам вина за случувањата во Меѓународниот сојуз каде што бев почесен претседател“, изјави Ременски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни