Рено отпушта 2.000 работници во Франција

Францускиот гигант и производител на автомобили „Рено“ најави укинување на околу 2.000 инженерски и работни места во Франција, како дел од пренасочувањето на производството на електрични автомобили.

Рено објави дека раководството наскоро ќе започне и преговори со синдикатите за нови планови.

Според информациите, овој автомобилски производител веќе работи со загуба, а и претходно веќе најави намалување на бројот работни места во својата матична земја за околу 4.600 како дел од преструктурирањето.

Како што најавуваат, ќе се отворат 500 нови работни места, откако ќе вработат 2.500 работници на други работни места.

Од компанијата велат дека нивната цел е „да се создадат девет нови модели на автомобили“ во Франција.

Како конкуренцијата, така и „Рено“ се обидува да ја зголеми понудата на електромобили, па затоа ќе ангажираат работници во нови области, заради стручност во новите технологии.