Реновиран објектот на Полициското одделение Чашка, продолжува подобрувањето на условите за работа на полицијата

Согласно планот за реализација на реконструкција на објектите и подобрување на условите за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи, завршена е и целосната реконструкција на објектот на Полициското одделение Чашка.

,,Посебно ми е драго што колегите од оваа наша организациона единица од денес и официјално  добиваат квалитетен, реконструиран и саниран работен простор и амбиент кој што ќе придонесе  за подобрување на квалитетот и стандардот на работа и услуги што полицијата ги дава на граѓаните како нивен сервис“ истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на Полициското одделение Чашка во општина Чашка,  каде што имаше работна средба со раководството на СВР Велес и  на оваа полициска организациона единица, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот.

Во  постапката на  реконструкција на објектот  направена е комплетна санација на кровната конструкција, изработена е нова термоизолациона фасада на целиот објект, заменета е старата електрична  инсталација со нова, направена е комплетна замена на старите дрвени прозорци со нови  ПВЦ прозорци, а поставено е и ново парно греење. Извршени се и други потребни работи за реконструкција на објектот, а вкупно за оваа намена се потрошени 5.000.000 денари од буџетот на МВР,   

„Од ноември 2020 година реконструиравме 11 објекти, а моментално работиме и на други објекти кои ќе бидат целосно готови до крајот на 2021 година. Ги завршивме објектите на Управни служби Кавадарци, ОВР Крива Паланка, ОВР Гевгелија, ОВР Кавадарци, Полициско одделение Ростуше, Војнички клуб Илинден за потребите на САЕ „Тигар“, ОВР Ресен, Полициско одделение Дојран, Полициска канцеларија Старо Нагоричане, Полициско одделение Ранковце и ова што денеска го промовираме – Полициско одделение Чашка. Се работи  на  реконструкцијата на ПС Карпош, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, СВР Куманово, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, ОВР Пробиштип, Полициско одделение Македонска Каменица, Полициско одделение Кривогаштани, ОВР Делчево,ОВР Берово… МВР континуирано создава подобри услови за сите вработени, што пак носи подобри резултати во работењето, во интерес на граѓаните-рече министерот Спасовски при посетата на Чашка.

Министерот Спасовски во рамки на работната посета на општина Чашка  се сретна и со градоначалникот на оваа општина Горан Стојановски при што заеднички беше констатирана досегашната одлична соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа, а во интерес на граѓаните.