Македонија

Репортери без граници: Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот

Репортери без граници: Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот

Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобрo од 38-то место минатата година.

Од земјите во регионот Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора, Словенија, Хрватска, Косово, БиХ, а на последните две места од земјите од регионот се Србија и Албанија.

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.

Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката на Репортери без граници, за медиумите во земјава

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни