ВО ДЕНЕШНИОТ свет, каде што сопствениците на бизниси се борат да го привлечат вниманието на клиентите на социјалните медиуми, истакнувањето е вистински предизвик. Угостителската индустрија е особено тешко погодена од пандемијата, а многумина сè уште се борат да работат, пишува Bored Panda.
Сепак, има и такви кои пронашле победничка формула. Еден ресторан во Тексас го погоди клинецот во главата со својот маркетиншки пристап и докажа дека успешната стратегија не се менува, туку само се подобрува.
Тоа е ресторанот „Ел Аројо“ од Остин, кој стана познат не само меѓу локалното население, туку и онлајн, благодарение на своите оригинални и хумористични натписи. Тие редовно ги насмеваат минувачите и следбениците на социјалните медиуми со своите пораки.
Нивните најнови натписи повторно станаа вирален хит, и сигурно ќе им донесат насмевка дури и на оние кои имаат лош ден.
