Баунти коцките кои не се печат се еден многу интересен десерт, а најмногу ќе им се допаднат на љубителите на овие популарни чоколатца, но и на оние кои не треба да ја вклучуваат рерната.
Потребни состојки:
За подлогата ви треба: Мелени бисквити, чоколадо и млеко.
За кремот: Млеко, шеќер, кокос и гриз.
За глазура: Малку чоколадо и масло
Подготовка:
Подлога: Загрејте млеко и прелијте го преку мелениот бисквит и чоколадо. Смесата ставете ја во четвртасти калапи.
Крема: Сварете гриз во млеко и додајте шеќер. Во сварениот, уште топол гриз измешајте и кокос.
Прелив: растопете ги чоколадото, млекото и маслото.
Врз смесата се става кремот, а преку кремот од чоколадниот прелив. Ставете во фрижидер преку ноќ.
