Рецепт што ниту една жена нема да го игнорира: Палачинки што не дебелеат!

Палачинките се десерт без кој многумина не би можеле да живеат, дури ни за време на диетата

Потребни состојки:

  • 45 грама овесни снегулки
  • 55 грама кокосово брашно
  • 45 грама просо
  • Прстофат сол
  • 1 лажица кафеав шеќер или мед
  • Половина пакување прашок за печиво или 1 лажица сода бикарбона
  • 1 лажица безглутенско брашно
  • 2 јајца
  • 200 милилитри млака вода
  • 1 лажица маслиново масло

Начин на подготовка:

Во мелница за каде смелете ги овесните снегулки, кокосовото брашно и просото. Погрижете се сите состојки да бидат фино измелени, особено овесните снегулки. Потоа префрлете ги во поголем сад и додајте ги и останатите состојки. Оставете ја смесата да отстои 15-тина минути во фрижидер.

Следен чекор е подготовката на палачинките. Внимавајте да не сипете преголема количина во тавата, бидејќи во тој случај палачинката ќе ви излезе дебела и не толку вкусна. Печете од едната страна додека не порумени и потоа свртете од другата.

Палачинката можете да ја сервирате со комбинација од мед и какао во прав – совршен додаток на овој необично вкусен десерт. По желба, декорирајте со свежо овошје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното