Кујна

РЕЦЕПТ: Слатки топчиња со путер од кикирики

РЕЦЕПТ: Слатки топчиња со путер од кикирики

Топки во кои ќе уживате.

Состојки:

– 150 гр мелени бисквити

– 2 лажици шеќер

– 1/2 лажичка цимет

– 1/4 лажичка јаткасти плодови

– 120 гр путер од кикирики

– 80 гр мед, по вкус може и помалку

Глазура:

– темно чоколадо

– путер

Подготовка:

Измешајте мелени бисквити, шеќер, цимет и морско оревче, па додајте путер од кикирики и мед. Направете цврста еднолична маса.

Со лажица зграпчете ја смесата и со влажни дланки формирајте топчиња. Наредете ги на хартија за печење, па ставете ги во фрижидер најмалку еден час.

Во меѓувреме на пареа растопете ги путерот и чоколадото. Мешајте додека не се растворат сите состојки и се соединат во изедначена смеса.

Ладните топчиња потопете ги во чоколадото со помош на чепкалка за заби, па повторно ставете ги на хартија за печење или на решетката за ладење за да се стврдне чоколадото.

Декорирајте по желба, но додека не се стврдне чоколадото

Вратете го во фрижидер до сервирање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни