Рецепт за сиромашно украинско јадење од тесто полнето со компири

Украинските вареники се состојат од едноставно тесто полнети со варен компир и пржен кромид. Кнедлите се варат кратко во вода и потоа се пржат на путер за да добијат крцкава кора, но можете да го прескокнете тој чекор и да ги јадете сварени со павлака и пржена сланина. Еве го рецептот.

Со неколку совети, особено ако ги правите првпат, подготовката ќе ви биде полесна.

Кога ќе го замесите тестото, оставете го на собна температура од половина час до еден час. Потоа расукајте го и исечете ги круговите со чаша.

Тестото можете и со раце да го расукате во „змија“ како кога правите њоки, исечете го и секое парче виткајте го во круг. Ова може да го оставите за друг пат кога вежбате, вака кога ќе ги исечете круговите со чаша ќе добиете поубави форми. Во средината на секој круг тесто ставете по една лажичка од филот и затворете го во „лушпа“, односно обликувајте ги кнедлите.

Ќе им требаат 2 до 3 минути варање во солена вода, во зависност од големината на кнедлите.

Исцедете ги и можете да ги јадете сега со малку пржена сланина и павлака, а можете да ги пржите и на путер. Ако сакате да ги пржите на путер, растопете го путерот колку да ја покрие тавата и додадете ги кнедлите. Пржете ги неколку минути за да добијат кора однадвор.