Ревизија: Не исплаќајте средства на 84 учесници на локалните избори

Се известуваат учесниците во изборната кампања за Локални избори 2021 година дека Државниот завод за ревизија, постапувајќи согласно член 177-а став 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20 и 74/21 и 215/21)поднесе Предлог број 24-1146/1 од20.10.2021годинадоДржавната изборна комисијаза донесување на Одлука за запирање на исплатата на средствата кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања за учесниците во изборната кампања за Локални избори 2021 година.

Предлогот се однесува на оние учесници во изборната кампања кои до Државниот завод за ревизија го немаат доставено во законски пропишаниот рок или не го доставиле со пропишана содржина Извештајот со образецот за примените донации на трансакциската сметка предвиден со член 84-б став 2 од Изборниот законик.

Предлогот содржи податоци и информации за непостапување согласно законските обврски за 84 од вкупно 122 учесници во изборната кампања, од кои 64 не го доставиле извештајот во законски пропишаниот рок, а 20 учесници не го доставиле со законски пропишана содржина.

Државниот завод за ревизија, со цел навремено и транспарентно информирање на сите учесници во изборната кампања, а во врска со обврските кои произлегуваат од одредбите на Изборниот законик и Ревидираниот роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на градот Скопје 2021 година, донесен од Државната изборна комисија, информираше и укажа на законски пропишаните обврски предвидени за секој од учесниците во изборната кампања за локалните избори 2021 година.

Имајќи предвид дека согласно член 76-д од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) во рок од 30 дена од објавување на конечните резултати, Државниот завод за ревизија укажува на потребата сите учесници во Изборната кампања за локалните избори 2021 година кои до сега не ги поднеле извештаите а биле должни, истото да го сторат во најкус можен рок.

Извештаите можат да се достават до архивата на Државниот завод за ревизија на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2. Палата „Емануел Чучков“ Скопје, или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно [email protected] испратен од емаил адресата на учесникот во изборната кампања која што е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Контакт телефон: 02 321 1262,

Работно време: понеделник – петок од 08:30-16:30 часот

Поврзани вести

ПОРАДИ ОВА, ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ГО ГУБАТ ТЛОТО ПОД НОЗЕТЕ: Стрелецот не поднесува осаменост, Овенот кога го игнорираат…

Животот понекогаш не доведува во тешки ситуации со кои не можеме да се справиме на вистински начин. Некои бараат помош од пријател, а некои сакаат да поминат низ бура која ја преплавила...

2022 Е ГОДИНА НА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Магичната серија 2-2-2 им носи успех и луда среќа на овие знаци!

2022 година ќе биде година на големи промени. Специфичен е од повеќе причини, особено поради тоа што го красат три пара. Оваа серија има посебно значење и моќ, велат нумеролозите.

ОВА СЕ НАЈПОЗНАТИТЕ СРПСКИ ВАМПИРИ: Плашеле, заразувале и давеле луѓе, а еден од негова вдовица барал многу НЕОБИЧНА РАБОТА!

Во Србија за прв пат се документирани вампири, односно починати кои имале надуени лица и тела, изразени очи, долга коса и нокти, кои оживуваат и прогонуваат членови на нивното семејство и заедница!

Среде Пекинг се пејат песни од Тоше Проески

На социјалната мрежа се појави видео на кое се гледа како уличен музичар од Кина го пее познатиот хит на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. „Još uvijek sanjam da...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...