Пејачката и модна претприемачка Ријана, наводно, го чека своето прво дете со сегашниот партнер, блескавиот Асап Роки.
Ѕвездата, која оваа недела беше видена на Барбадос, во нејзиниот роден град каде што беше прогласена за национална хероина, гордо го носи трудничкиот стомак, пишуваат американските медиуми.
Според „МТО њуз“, трудничкото стомаче и било најочигледно при влегувањето во приватниот авион, кога носела само кратка кроп кошула.
„Ријана е бремена, тоа е очигледно, многу сум среќен поради неа“, изјавил извор за овој медиум.
Друг извор за истиот медиум открил дека персоналот бил предупреден да не пијат алкохол или пушат во истите простории каде што се движи пејачката. За неа била подготвена специјална храна, а утрото наводно имала мачнини.
Од септември годинава на интернет кружат тврдења дека пејачката е бремена.
Обожавателите првично напишаа на Твитер дека е очигледно дека Ријана е бремена.
Оваа вест пејачката ниту ја потврди ниту ја демантираше.
