Сите ние ќе имаме можност да ја проследиме модната ревија на Ријана и нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.
Имено, таа ќе се емитува како посебна емисија на 24 септември на платформата „Амазон прајм видео“.
Пејачката и дизајнерка ја потврди оваа вест на своите социјални мрежи.
Се работи за трета модна ревија на споменатиот бренд за облека, а најавено е дека ќе учествуваат бројни модели, актери, пејачи и други познати личности.
Првиот настан на Ријана – „Севиџ екс Фенти в. 1“ се случи 2019 година, додека пак второто шоу беше претставено минатата година.
Како извршен продуцент и креативен директор и на третиот спектакл повторно се појавува Ријана.
Марката содржи широк спектар големини на долна облека и секојдневна облека.
