Риши Сунак денеска и официјално стана нов премиер на Велика Британија, по средбата со кралот Чарлс во Бакингемската палата, пренесоа светските агенции.
Во Велика Британија , Риши Сунак , кој вчера беше избран за лидер на Конзервативната партија, доби покана од кралот Чарлс Трети да стане премиер и да формира влада.
Денот започна со последниот состанок на владата на Лиз Трус, која ќе остане запишана во историјата како британски премиер со најкраток стаж од постоењето на оваа функција.
Бакингемската палата беше нејзината последна публика кај кралот, на која и формално ќе поднесе оставка. Веднаш по неа, во палатата влезе 42-годишниот Риши Сунак, кој доби покана од кралот Чарлс Трети да формира влада, а со ова постапката ќе заврши во кореографија изведена со векови, без разлика на политичките пресврти и кризи.