Свет

Рјабков: Русија нема да толерира никакви ултиматуми од САД за Украина

Рјабков: Русија нема да толерира никакви ултиматуми од САД за Украина

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денес изјави дека Москва категорично не прифаќа никакви обиди за поставување барања, особено ултиматуми.

„Секако, пред сè, забележуваме дека сите обиди за поставување барања, особено ултиматуми, се неприфатливи за нас“, нагласи Рјабков, коментирајќи ја најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за Русија и нејзините трговски партнери доколку во блиска иднина не се постигне договор со Украина, пренесува Комсомолска правда.

Тој истакна дека Русија е секогаш подготвена да води мировни преговори со украинската страна преку дипломатски канали.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни