Рочиште за „Ласкарци“: Судењето стартува од почеток, обвинетите не чувствуваат вина

Иако се одржаа само три рочишта за автобуската несреќа кај Ласкарци, предметот се враќа на почеток. Причината, како што вели судијката Дијана Груевска-Илиевска, е тоа што е обезбеден уште еден поротник, поради како што рече, обемот на предметот, големиот број на сведоците и обвинети.

-Со оглед на тоа што се работи за обемен предмет ние обезбедивме уште еден член на поротата, кој ќе послужи доколку некој друг член отсуствува-вели Груевска – Илиевска.

Обвинетите изјавија дека остануваат на нивните воведни зборови, односно дека не се чувствуваат виновни. Адвокатите на жртвите, рекоа дека се приклучуваат во кривичниот прогон на обвинетите и најавија дека ќе бараат отштета. Дељо Кадев, бранител на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Бељули, кој е и првообвинет во случајот, рече дека Обвинителството нема доволно докази со кои може да го товари неговиот клиент како виновен.

Претходното рочиште за несреќата кај Ласкарци беше одложено поради отсуство на еден од обвинетите, Ремзи Мифтари. Според обвинението на Јавното обвинителство, за автобуската несреќа кај Ласкарци обвинети се 6 лица. Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, Ремзи Мифтари вработен во фирмата и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за тешко кривично дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека останатите тројца – вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, за соучество во истото дело. Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. Автобусот откако изгубил контрола завршил во ендек, пробивајќи ја и безбедносната ограда на автопатот.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното