Рочиштето за „27 април“ одложено за утре

Денеска требаше да продолжи новото рочиште за случајот „27 април“, но истото е одложено. Обвинителката Вилма Рускоска денеска дава заклетва како нов шеф на одделението за организиран криминал и корупција. Од тука новото судско рочиште за „27 април“ е закажано за утре.

На претходното рочоште беа читани вештачењето на мобилниот телефон на сведокот Сашко Коцевски, задолжен за електронското гласање во Собранието.

Се вчитува...

Меѓу обвинетите за упадот во Собранието на Македонија се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување.

Извор: ТВ21