Родителите на двете мртви бебиња добија притвор: Признаа се за што беа обвинети

Истражниот судија на Жупанискиот суд во Вараждин на родителите кои закопаа две бебиња и го запоставија третото дете во општина Љубешчица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што дознава РТЛ, родителите на рочиштето признале се за што биле обвинети и одговориле на сите прашања.

Се вчитува...

Обвинителството за нив побара едномесечен притвор поради можност за повторување на делото, но и поради опасност од влијание врз сведоците. Судијата го прифати.

Родителите се товарат за кривично дело тешка повреда на правата на детето, односно запуштање на детето со смртни последици. Да потсетиме, полицијата вчера попладне по пријава пронашла тела на две бебиња во двор од куќа во општина Љубешчица. Третото дете е пронајдено неухрането.

Подоцна се дозна дека таткото е од Сплит, а мајката од Загреб. Децата не биле регистрирани, што укажува дека не се родени во болница. Родителите наводно се членови на секта, а соседите тврдат дека целото семејство било повлечено.