Балкан

Родителите спремале слава кога дознале дека нивниот син убил деца – таткото очаен: Тој повеќе не е мој син!

Родителите спремале слава кога дознале дека нивниот син убил деца – таткото очаен: Тој повеќе не е мој син!

Родителите на убиецот од Младеновац, Урош Блажиќ, подготвувале храна за прославата кога дознале дека нивниот син убил осум млади луѓе.

Семејството Блажиќ утре го слави Ѓурѓовден, па затоа подготвувале гозба за гостите во семејниот дом, кога слушнале дека нивниот син дивее по околните села. На таткото на Урош веднаш му се слоши, а денеска за медиумите изјави дека се откажува од синот:

– Тој не е мој син! За мене тој е мртов – рекол таткото на Урош.

Урош Блажиќ уби осум млади луѓе. Најмладата жртва има само 15 години.

Во Дубона кај Младеновац е убиен полицаецот М.П. (2001) и неговата сестра К.П. (2004) и Д.Т.(1998)

На друга територија, Смедерево, М.М. (2005), Н.С. (2002), Л.М. (2003), Н.М. (2008) и А.М. (2005)

Според очевидци, Урош пукал во луѓето од автомобилот, а кога видел дека не убил некои од жртвите, излегол од автомобилот за да ги „провери“.

Уапсен е во селото Вињиште, каде по пукањето побегнал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни