Свет

Ројтерс: САД пресретнаа нов танкер покрај брегот на Венецуела

Ројтерс: САД пресретнаа нов танкер покрај брегот на Венецуела

САД денес пресретнаа и запленија брод под санкции покрај брегот на Венецуела во меѓународни води, изјавија за Ројтерс тројца американски функционери.

Функционерите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, не кажаа каде се одвивала операцијата, но додадоа дека крајбрежната стража на САД ја предводи операцијата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно нареди блокада на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и одат од Венецуела во вторник, зголемувајќи го притисокот врз претседателот на таа земја, Николас Мадуро.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни