Роман Абрамовиќ има нова девојка и тоа со украинско потекло

Рускиот олигарх Роман Абрамович е еден од погодените од западните санкции, а новите околности ја открија неговата интимност, која досега беше добро скриена. Имено, се шпекулира дека славниот Русин е во врска со 25-годишна актерка со украинско потекло.

Амбрамович наводно тајно се гледа со Александра Коренџук, претприемач и телевизиска ѕвезда, која се појавила во руското шоу „You’re All P*** ing Me Off“, пренесува „The Sun“.

Врската на сопственикот на Челзи и Александра неодамна беше разоткриена од руската естрада-бизнис новинарка и колумнистка Божена Ринска. Истиот новинар прв објави дека Абрамович ќе се ожени со Даша Жукова, неговата трета сопруга со која беше во брак од 2008 до 2018 година.

Ринска откри дека Амбрамовиќ почнал да се гледа со Александра во октомври минатата година.

“Новата девојка на Роман Абрамович е многу интересна. На почетокот на годината почнаа гласини дека Александра Коренџук го освоила неговото срце. Има многу малку информации за неа, но се зборува дека таа е основач на компанија од музичката индустрија. Таа се испроба и како актерка“, вели новинарката.

Таа глумеше водителка во две епизоди од серијата која се снимаше во Москва, а во Русија велат дека животот го чувала во строга тајна, како и дека нејзиното презиме укажува дека има украински корени. Таа, наводно, е и основач на Институтот за музички иницијативи, кој им помага на музичарите во подем.

„Иронично е што Амбрамович беше поврзан со дама со украинско потекло токму кога беше санкциониран поради војната и неговите врски со Путин“, додаде изворот.

Пред оваа млада дама, Роман беше поврзуван со руската балерина Дијана Вишнева (45) во 2018 година, а медиумите тогаш пишуваа дека таа му го „освоила срцето“.

Наводно, тој бил толку многу зачуден од нејзините изведби што редовно одел со својот приватен авион во градот Перм во близина на планината Урал за да може да ја гледа. Но, малку подоцна неговиот портпарол ги отфрли ваквите шпекулации како глупости, а Вишњева во меѓувреме се омажи и роди син.

Инаку, се шпекулира дека вилите на Абрамович во Велика Британија би можеле да бидат одземени и да се користат за сместување на украински бегалци.

Неговиот имот во Англија беше замрзнат, а тој беше спречен да го продаде и Челзи. Неговиот највреден имот во Лондон е вилата со 15 спални соби во Кенсингтон, во близина на руската амбасада, и вреди околу 150 милиони фунти.