Свет

Романската полиција уапси маж поради смртта на 39 лица во камион во Британија

Романската полиција уапси маж поради смртта на 39 лица во камион во Британија

Романската полиција приведе маж осомничен дека бил дел од група за трговија со мигранти поврзана со смртта на 39 Виетнамци во камион во Есекс, Велика Британија, јавија ДПА.

Телата на жртвите беа пронајдени во камион кој се превезуваше со траект од Белгија до Есекс на 23 октомври 2019 година.

Се покажа дека камионот е со бугарска регистрација. Регистриран е во Варна на име на фирма на државјанин на Ирска.

Минатиот месец, полицијата во Есекс упати апел за романскиот државјанин Мариус Михаи Драгичи, кој е осомничен дека е дел од мрежата што ги координирала патувањата на мигрантите до Велика Британија.

Полицијата денеска соопшти дека 48-годишниот Драгичи е приведен во Букурешт.

Ова е направено врз основа на европски налог за апсење и во моментов се преземаат неопходните чекори за негова екстрадиција во ОК.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни