Роналдо е сигурен дека ќе се ожени со Георгина – дури и спомна кога тоа може да се случи

Кристијано Роналдо е „1.000 отсто“ сигурен дека ќе се ожени со својата девојка Георгина Родригез, признавајќи дека тоа би можело да се случи за само еден месец. Фудбалерот кој е во врска со шпанската убавица повеќе од пет години, претходно изјави дека „еден ден“ ќе остари на луд камен. Георгина инсистира дека ќе каже „да“ кога Кристијано ќе го постави познатото прашање – „дали ќе се омажи за него?“

А тој ден би можел да дојде наскоро бидејќи, во новиот документарен филм на Георгина на Нетфликс наречен „Јас сум Георгина“, фудбалерот навести дека тој и неговата девојка можат многу брзо да одат до олтарот.

  • Секогаш и велам на Георгина дека кога ќе го добиеме тој клик, како и сè во нашиот живот, таа знае за што зборувам. Тоа може да биде за една година, може да биде за шест месеци или за еден месец. 1.000 отсто сум сигурен дека тоа ќе се случи – изјави Кристијано Роналдо во документарецот на Горгина.

Парот очекува близнаци кои треба да ја видат светлината на денот оваа година. Инаку, Кристијано веќе е татко на момчето Кристијан Јуниор (11), чија мајка јавно не се открива, како и на близнаците Ева и Мате (4) кои ги доби преку сурогат мајка и на девојчето Алана, која ја доби со Георгина, пишува Дејли Меил.