Роверот на НАСА ќе го земе првиот примерок од Марс

Роверот на НАСА со назив „Упорност“ кој се наоѓа на планетата Марс се подготвува за земање на првиот примерок од карпите на „Црвената Планета“.

Пробата ќе биде земена од кратерот Језеро, поточно местото наречено „Груб фрактуриран под“, а се очекува пресвртната точка да се случи следниве две недели.

Роверот ќе бара и можни остатоци од микроби.

Според научникот Кен Фарли, во кратерот некогаш имало езеро кое се полнело и празнело неколкупати, создавајќи потенцијални услови за живот.

Но сепак анализа на примероците можеби ќе открие и траги од хемискиот или минералниот состав на карпите и ќе даде сознанија за тоа дали карпите се формирани од вулкан или се од седиментно потекло?

Инаку, дронот американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА, со роботскиот ровер слета на Марс на 18 февруари.

Принципот вели дека роботот прво ќе ја распореди својата роботска рака долга седум метри за да се одреди од каде ќе го земе примерокот, а потоа ќе го изгребе горниот слој на карпата со посебна алатка.

Примерокот ќе се анализира со употреба на научни инструменти монтирани на куполата на роверот.

Научникот Фарли смета дека карпестиот предел можеби настанал од езерската кал и дека „тие се многу добри места за барање биолошки остатоци“, иако веројатно ќе минат уште неколку месеци пред роверот да стигне до таква површина.

Секоја анализа на издржливост на еден камен ќе има свој непроменет биолошки „близнак“ од друго место, што роверот ќе го земе, запечати и ќе го постави во себе.