Турските јадења се вистински гурмански настан, а рецептот пред вас е совршен пример за тоа:
Состојки:
- 300 грама мелено месо
- 100 грама зелка
- 1 јајце
- мал кромид
- 2 чешниња лук
- малку масло
- 3 лажици брашно
- Зачини: бибер, сув зачин, сол, пиперка, магдонос
За пире од компири:
- 4 големи компири
- 50-100 грама кашкавал по желба
- 3 лажици млеко
- малку сол, сув зачин и морско оревче.
Подготовка: Направете пире од компири и оставете ги на страна. Во посебен сад измешајте мелено месо, ситно исечканиот кромид, ситно сечканиот лук, едно јајце, ситно сечканата зелка и зачините. Сè добро измешајте. Оваа смеса поделете ја на 7-8 топчиња кои ќе ги ставите во стаклен сад. Одделете ги малку топчињата, како да правите корпа од нив. Печете ги во рерна на 200 степени околу 20 минути, а потоа направете топчиња од пире и ставете ги во секоја корпа за месо. Прелијте го со малку доматен сос и рендано сирење, па повторно ставете го во рерна да се зарумени уште малку.
