„Рудници Бањани“ ќе дели дивиденда: Акционерите ќе добијат по 30 денари за акција од добивката за 2022 година

Акционерското друштво „Рудници Бањани“ АД Скопје донесе одлука за распределба на добивката преку исплата на дивиденда. На седницата на Собранието на акционери одржана вчера (16 декември 2025 година), утврдено е акционерите да добијат бруто износ од 30 денари по акција.

Вкупниот износ предвиден за оваа намена изнесува 2.123.021,00 денари. Средствата ќе бидат исплатени од неискористениот дел од добивката остварена во 2022 година, која првично во 2023 година била распределена за инвестициски вложувања.

Дивиденден календар: Кога ќе легнат парите?

Согласно објавениот дивиденден календар, клучните датуми за инвеститорите се следните:

  • Последен ден на тргување со право на дивиденда: 29.12.2025 година.
  • Прв ден на тргување без право на дивиденда: 30.12.2025 година.
  • Датум на пресек на акционерската книга: 31.12.2025 година.
  • Почеток на исплата: Исплатата ќе се врши во готово на трансакциски сметки, започнувајќи од 01.01.2026 година.