Балкан

Румен Радев заминува денеска

Румен Радев заминува денеска

Уставниот суд на Бугарија денес ќе го разгледа случајот за оставката на претседателот Румен Радев. Рочиштето е закажано за 11 часот по македонско време.

Известител за случајот е судијката Павлина Панова. Се очекува Уставниот суд да донесе одлука денес.

Шест часа по почетокот на состанокот, Румен Радев официјално го напушта „Дондуков 2“. Во 16 часот по бугарско време ќе биде испратен од потпретседателката Илијана Јотова, која ќе го заврши својот мандат.

Јотова мора да се консултира со кандидатите за вршител на должноста премиер и да го одреди датумот на предвремените избори на кои ќе учествува Румен Радев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни