Украинската војска тврди дека руските сили тргнуваат во напад со 100.000 војници на истокот.
„Русија наводно сконцентрирала над 100.000 војници во насока на Купјанск и Лиман на фронтот во Харковската и Луганската област“, изјави вчера Илија Јевлаш, портпарол на Источната група на оружените сили на Украина.
Вели дека руските сили во областа значително ги засилиле гранатирањата и воздушните напади на украинските позиции. Рече дека 45.000 војници се ангажирани за напади кон Купјанск, а 48.000 за Лиман. Двата града беа под руска контрола пред украинските сили да ги вратат лани. Во последните месеци Русија го засилила притисокот на овој дел од Украина. Украинските војници во близина на Купјанск кои разговарале со Киев индепендент потврдиле дека Русија го засилува својот притисок на овој дел од фронтот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Коалицијата која ја помага Украина во борбата против руската инвазија нема да го поддржи Киев доколку ги пренесе непријателствата на руска територија.
