Министерството за вонредни ситуации на Русија испрати теренска болница за лекување на повредените во земјотресот, како и спасувачки екипи поради земјотресот во Турција.
Тимовите за поддршка продолжуваат да се испраќаат од Русија во Турција по земјотресот со центарот на Кахраманмараш , кој предизвика загуби на животи и имот во многу провинции во Турција.
Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека покрај екипите за пребарување и спасување испратени во текот на денот, во вечерните часови тргнале и нови екипи.
Министерството, исто така , објави дека е испратена теренска болница која треба да се формира во подрачјата на земјотресот и рече: „Терска болница која може да се транспортира по воздушен пат е испратена во Турција со цел да се обезбеди помош на жртвите од земјотресот директно во областа на катастрофата. Повеќе од 40 специјалисти кои работат во болницата ќе пружат квалификувана медицинска помош“.
Министерството за вонредни ситуации на Русија објави и слики од тимовите испратени во Турција кои поаѓаат од аеродромите и испраќањето пакети со помош со авиони.
Министерството соопшти дека материјали за хуманитарна помош, како и спасувачки екипи се испратени во Сирија, како и во Турција.