Свет

Русија извести дека украинско беспилотно летало е соборено во близина на АЕЦ Запорожје

Русија извести дека украинско беспилотно летало е соборено во близина на АЕЦ Запорожје

Руските сили соборија украинско беспилотно летало кое се обидуваше да ја нападне нуклеарната централа Запорожје . Ова го тврди руското Министерство за одбрана, цитирано од Ројтерс.

Од одделението прецизираат дека не е причинета сериозна штета и нивото на радијација е нормално.

Беше кажано дека дронот бил соборен во близина на централата за нуклеарен отпад.

Во последниве недели , Москва и Киев се обвинуваа меѓусебно за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје.

Денеска Меѓународната агенција за атомска енергија испрати своја мисија да изврши увид на локацијата.

Од март централата е под контрола на руските сили.

Претходно во август, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на повлекување на целиот воен персонал и воена опрема од нуклеарната централа Запорожје и „избегнување на какво било дополнително распоредување на воени сили или воена опрема на оваа територија“. Тој ја наведе и потребата да се запрат сите воени дејствија во реонот на АЕЦ и да не се напаѓаат објектите на централата и нејзината околина.

На 18 август, заменик-портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Иван Нечаев, го опиша како „неприфатлив“ предлогот на ОН за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни