Русија изврши воздушен напад врз Киев во раните утрински часови во вторникот, соопшти украинската војска, само неколку часа пред почетокот на самитот на НАТО во Литванија за справување со безбедносните закани од Москва.
„ Непријателот го нападна Киев од воздух по втор пат овој месец “, рече Сергеј Попко, шеф на воената администрација во Киев, во објава на каналот Телеграм.
Според прелиминарните информации, украинските системи за противвоздушна одбрана ги собориле сите беспилотни летала Шахед од иранско производство пред да стигнат до своите цели, рече Попко. Засега нема информации за штети или жртви.
Предупредувањата за воздушен напад над Киев траеја еден час и подолго во другите делови на источна Украина, соопштија украинските воздухопловни сили.
Сведоците во Киев слушнале експлозии кои наликувале на звукот на системите за противвоздушна одбрана кои пресретнуваат цели за време на воздушен напад.На самитот во Вилнус, кој започнува во вторник, ќе доминираат последиците од руската инвазија на Украина, при што лидерите треба да ги одобрат првите сеопфатни планови на НАТО од крајот на Студената војна за одбрана од каков било напад од Москва.