Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија ќе продолжи со својата „воена операција“ во Украина додека не ги постигне поставените цели.
Шојгу дал информации за војната во Украина на средба со високи команданти во министерството.
Наведувајќи дека првата етапа од „воената операција“ на руската армија во Украина е генерално завршена, Шојгу изрази дека силата на украинските вооружени сили е значително намалена.
„Ова може да овозможи да се фокусира вниманието на главната цел, ослободувањето на Донбас“, рече Шојгу.
Руската армија постигнала супериорност во воздухот во Украина, Шојгу изјави дека украинските воздушни сили и системи за противвоздушна одбрана се ефективно уништени. Шојгу ја сподели информацијата дека до денес се уништени 123 од 152 авиони, 77 од 149 хеликоптери и 152 од 180 ракетни системи за противвоздушна одбрана.
Шојгу изјави дека на постоењето на украинските поморски сили му дојде крајот, а има значителни загуби во сите формации на копнените и воздушните ударни сили.
Истакнувајќи дека руската армија нема да ја прекине својата „воена операција“ додека не ги достигне целите поставени во Украина, Шојгу рече дека руските војници активно им помагаат на жителите на Луганск и Доњецк.
Потенцирајќи дека Русија внимателно ги следи изјавите на лидерите на НАТО во врска со испораката на авиони и системи за противвоздушна одбрана во Украина, Шојгу рече: „Доколку овие планови се остварат, ќе биде даден соодветен одговор“.