Русија наскоро го добива „Стрела“ – нов робустен теренец

Додека во САД нетрпеливо се чекаат првите примероци на автомобилот „Хамер“ под брендот на „ГМЦ“, Русија многу наскоро ќе добие нов робустен теренец кој изгледа како мешавина од „Хамер Х1“, „Х2“ и слични возила.

Нивната верзија на Хамер-от се вика „Стрела“ (Ароу) и ќе биде наменет, пред сѐ, за државните служби на редот и законот, но и за домашниот потрошувачки пазар.

Засега се знае само дека возилото е долго 5,1 и широко 2,35 метри, а тежи 3.500 килограми, со носивост до 900 кг., т.е. пет лица на пет одделни седишта.

Се напојува со 2,8-литарски „Каминс“ дизел-мотор којшто развива 157 коњски сили и е поврзан со 6-степен рачен менувач. Моќта се пренесува на сите четири тркала, додека максималната брзина е 120 км/ч.

Прототипот има подвижен заден покрив, а неговите создавачи размислуваат и за цела серија слични возила, вклучувајќи и теренец со фиксен покрив, верзија со седум седишта и камион.