Свет

Русија обвинета за бомбардирање на породилиште

Русија обвинета за бомбардирање на породилиште
From Twitter

Градскиот совет на јужниот украински град Мариупол објави видео од опустошеното породилиште во градот и ги обвини руските сили дека фрлиле неколку бомби врз него од воздух.„Уништувањето е огромно. Зградата на медицинската установа во која неодамна се лекуваа децата е целосно уништена. Се разјаснуваат информациите за жртви“, соопшти Советот.

„Породилна болница во центарот на градот, детско одделение и одделение за интерна медицина… сето тоа беше уништено за време на рускиот воздушен напад на Мариупол. Токму сега“, рече Павло Кириленко, шеф на регионалната администрација на Доњецк.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди воздушниот напад врз болницата во Мариупол.„Директен удар на руските војници во породилиштето. Луѓе, деца се под урнатините. Злосторство! Уште колку светот ќе биде соучесник што го игнорира теророт? – изјави Зеленски на својот профил на Телеграм.

Претседателот повторно го насочи својот гнев кон НАТО што одби да прогласи зона на забранети летови над Украина, велејќи: „Затворете го небото веднаш!

Деталите за жртвите од воздушниот напад допрва ќе се потврдуваат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни