Русија презема чекори за делумно ограничување на пристапот до Фејсбук во земјата. Ова е јасно од изјавата на РОСКОМНАДЗОР (телото што ја регулира електронската комуникација во Русија), пренесе РИА Новости.
Овој потег беше преземен по денешните консултации меѓу главниот руски обвинител и Министерството за внатрешни работи на земјата. После тоа, Фејсбук беше дефиниран како социјална мрежа која ги нарушува основните човекови права и слободи, како оние на руските граѓани.
Руската новинска агенција посочува дека во последните денови социјалната мрежа неоправдано воведе ограничувања на својата Фејсбук страница. Подложени на „цензура“ беа и материјалите од други медиуми како Звезда, Лента.Ру и Газета.Ру.
Сопственикот на Фејсбук – Мета, не ги коментираше нивните постапки, наведува РИА Новости