Свет

Русија собори осум украински беспилотни летала на Крим

Русија собори осум украински беспилотни летала на Крим

Руската противвоздушна одбрана и руската Црноморска флота рано утринава пресретнаа осум украински беспилотни летала над кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на градот назначен од Москва.

Ниту една цел, ниту во градот, ниту во морското подрачје не е оштетена“, објаснува Михаил Развозаев во својата објава на Телеграма, а пренесе АПЕ-МПЕ.

Еден дрон беше соборен над морето, пет беа пресретнати од руските сили за воздушна одбрана и два беспилотни летала земја-воздух беа уништени во близина на брегот, додаде тој.

Овие напади се случија над пристаништето Севастопол и две области на градот, рече тој претходно.

Засега Киев не ја коментираше руската најава за напад на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на територијата под руска контрола во Украина, но во последниве месеци изјави дека руското уништување на воената инфраструктура помага во контранападот на Киев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни