Русија во април ја продаде нафтата со попуст од 33 отсто

И покрај тоа што цената на барелот на руската нафта „Урал“ се намали за 20,8 отсто во однос на претходниот месец, на 70,5 долари, таа се продаваше по цена од 33 отсто поевтина од суровата нафта „брент“.

Во соопштението на Министерството за финансии на Русија, се наведува дека нафтата од Урал во април се тргувала по 70,5 долари за барел.

Така, додека цената на нафтата Урал, која во март беше во просек 89 долари, во април се намали за 20,8 отсто, таа се тргуваше по 33 пониски цени во однос на нафтата од типот брент, со која во наведениот период се тргуваше во просек по 105 долари.

Додека земјите како САД, Англија, Австралија и Канада го прекинаа увозот на руска нафта поради војната во Украина, Европската унија планира да воведе санкции за извозот на нафта од Русија.

Многу западни енергетски компании исто така одлучија да ја запрат трговијата со нафта со Русија.

Руските власти сакаат да го зголемат извозот на нафта, особено на азискиот пазар, поради гореспоменатите чекори на западните земји.