Свет

Русите се потсмеваат на Зеленски: Томахавк? Го нема во менито, доби салата и пилешко

Русите се потсмеваат на Зеленски: Томахавк? Го нема во менито, доби салата и пилешко

Руската државна телевизија RT објави сатиричен пост во кој се исмејува украинскиот претседател Володимир Зеленски, прикажувајќи мени за вечера во Белата куќа кое вклучувало пилешко, салата и сладолед – но не и ракетите Томахавк што ги бара Украина.

„Ракети Томахавк? Нема на менито денес. Зеленски доби пржено пилешко и салата“, објави рускиот RT.

Зеленски и Трамп се сретнаа во Белата куќа вечерва, каде што одговараа на прашања од новинарите пред да започнат состанок зад затворени врати. Трамп рече дека мисли оти Путин е подготвен да ја заврши војната во Украина, додека Зеленски предложи размена меѓу Украина и САД – беспилотни летала за Томахавк.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена предупреди дека САД би можеле да испратат крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина доколку Москва продолжи да ги одложува мировните преговори. Но, тоа беше проследено со вест дека Трамп и Владимир Путин се согласиле на нова рунда директни разговори, што руските медиуми сега го претставуваат како американско повлекување од претходните закани.

Таквото толкување, велат аналитичарите, е дел од пошироката стратегија на Кремљ да го прикаже Западот како неодлучен и изморен од војна, во време кога Русија ги засилува воздушните напади низ цела Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни