Компанијата Promobot нуди 200.000 долари на луѓето за нивното лице и глас.
Компанијата која Арнолд Шварценегер ја тужеше за 10 милиони долари затоа што направија робот наречен Robot-C и изгледаше исто како него, сега започна нов бизнис.
Сакаат да направат робот кој ќе го продаваат и кој ќе работи во хотели како рецепционер и носач на куфери, во трговски центри и други места каде што доаѓаат голем број луѓе.
Во соопштението се вели дека тие бараат лице за роботот и понудиле 200.000 долари на оној што ќе им ги даде правата на нивното лице до крајот на животот.
Компанијата ќе ги земе предвид сите луѓе, од сите раси, постари од 25 години, а секој може да се пријави на нивната страница.
Тие бараат само „пријатно и пријателско лице“.
Руската компанија, која е основана во Филаделфија, наведува дека нивните роботи моментално работат во Волмарт, аеродромот Балтимор-Вашингтон и трговскиот центар Дубаи.
