Свет

Руски адвокат и новинар брутално нападнати, ја избричиле главата, и ги скршиле прстите…

Руски адвокат и новинар брутално нападнати, ја избричиле главата, и ги скршиле прстите…

Истакнат руски новинар и адвокат биле нападнати и тешко повредени откако нивниот автомобил бил запрен од неколку маскирани лица во Чеченија. Јелена Милашина, новинарка од Новаја Газета и адвокатот Александар Немов биле нападнати додека патувале од аеродромот кон регионалниот главен град Грозни.

„Новаја газета“ минатата година ја загуби лиценцата за медиуми во Русија, а се шпекулира дека одлуката е политички мотивирана. Парот сега е во болница во Грозни.

Напаѓачите и ја избричиле главата на Милашина, и скршиле неколку прсти и и ја полеале главата со зелена боја, соопшти организацијата за човекови права Меморијал. Двајцата требало да пријават за пресудата на Зарема Мусаева, Чеченка обвинета за напад на полицаец. Тие ги удираа брутално со клоци, вклучително и по лицето, им се закануваа со смрт, им држеа пиштол на главите, им ја одзедоа опремата и ја искршија“, објави Меморијал на Телеграм.

Се вели дека им се заканувале и за нивните работни места: „Додека ги тепале, тие им рекле: „Вие сте предупредени, бегајте одовде и не пишувајте ништо.“ Групата за човекови права Тим против тортура рече Немов бил прободен со нож во ногата и дека мотивот за нападот е „казна“ за нивното пријавување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни