Свет

Руски антивоени демонстранти уапсени во Санкт Петербург (ВИДЕО)

Руски антивоени демонстранти уапсени во Санкт Петербург (ВИДЕО)

Повеќе од 90 демонстранти беа уапсени во вторникот во западниот руски град Санкт Петербург додека протестираа против војната во Украина, јави руската служба на Би-Би-Си.

Протестот се одржа во трговскиот центар Гостини Двор на авенијата Невски во центарот на градот.

Руската полиција во рок од 30 минути ги уапсила демонстрантите и најмалку еден новинар, јавуваат нашите колеги, повикувајќи се на публикацијата Zaks.ru.

Еден ден претходно, полицијата во градот приведе околу 900 антивоени демонстранти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни