Руски војници ќе учествуваат на тактички вежби во Белорусија, јави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Во соопштението не е прецизирано местото и времето на маневрите, но информацијата е објавена во време кога рускиот претседател Владимир Путин се очекува да пристигне во Минск на разговори со белорускиот лидер Александар Лукашенко, забележува Франс прес.
Путин го посети Минск 10 месеци откако руските сили ја нападнаа Украина.
Во октомври Белорусија објави дека формирала заедничка воена група со Русија, под која неколку илјади руски војници биле стационирани на белоруска територија. Ова доведе до стравувања дека белоруските сили може да се вклучат во украинскиот конфликт.