Македонија

Рускиот амбасадор во ЕУ: Претерување е да се каже дека Северна Македонија и Албанија заслужуваат членство во ЕУ

Рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Чижов го поздрави противењето на францускиот претседател Емануел Макрон кон проширувањето на унијата, што покажува како Кремљ ја користи „деструктивната политика“ на францускиот претседател за истакнување на поделбите меѓу европските сојузници, пишува весникот „Фајненшл тајмс“.

Според Чижов, Макрон има „причина“ кога вели дека ЕУ треба прво да се справи со тензиите меѓу своите земји членки, пред да почне преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија.

– Претседателот Макрон има причина кога вели дека ЕУ прво треба да се справи со сопствените внатрешни прашања пред проширувањето на унијата. И се разбира, објективно гледано, да се каже дека и Северна Македонија и особено Албанија се подготвени за членство би било грубо претерување, со сета почит кон двете земји, вели Чижов, кој е на функцијата од 2005 година, во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни